Четвртти ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска. Информацијата за неа е проширена и во земјите од регионот. 112 е бројот на кој треба да пријавите доколку имате било каква информација која може да помогне. Податоците се ставени на Стоп-листа на граничните премини. Распишана е и меѓународна потерница од Интерпол, а деталниот опис е и во билтенот на МВР за исчезнати лица.
Вања чедо… Дете мое, дете наше. Ти се обраќа чичко Ерко дека е убеден дека ќе прочиташ. Сонце наше послушај го чичо! Ако за било што се чуствуваш виновна сонце?
Ако мислиш дека си згрешила и несмееш да се појавиш. Чичино сите сме го поминале тоа.
Сите сме биле некогаш донесени во стостојба да избегаме од себе…
Сите сме биле во состојба дали ќе не осудат нашите, како ќе не разберат сето тоа.
Затоа ќерко.. Што и да се десило, што и да било?? Непостои нерешива состојба и неразбирлива. Еве јас со живот ти гарантирам дете мое никој ништо нема да ти пререче.
Ако ме читаш а убеден сум дека ќе допрам до тебе и ќе прочиташ. Појави се и дај ни знак чедо. Дај ни сигнал се ти е сонце простено се. И пак Се ти е Простено Вања!!!
Лично со име и презиме ти гарантирам дека се ќе ти биде разбрано и простено. Дај ни сигнал Вања те молам…те молам!!! Те сакаме Вања!! Сите те сакаме!
Следете не, не има насекаде