ноември 24, 2024

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук го коментира фалењето на Мицкоски по социјални мрежи дека се сретнал со заменикот на Блинкен, а истиот човек во интервју за 360 степени вели дека не би купил ни автомобил од таков човек.

– Пинки го виде Тито…Фали ме усто оти ќе те расчепам.

Цееел ден кутрото лидерче на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се фали дека се сретнал помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

За жал фалбата му траеше кратко и устата навистина му се решчепи. Овој пат од изненадување.

О’Брајан вели дека од овој човек(Христијан Мицковски) не би купил ни автомобил

Очигледно пријателот американец не ја знае нашава македонска изрека:

“Абе ни орев од рука да му земеш”

Абе Брајанчо кога ти викав мафни го таму што ќе ти е да губиш време со него сакаше сам да се увериш каков залутан лик и изгубен случај за политика дури и за една Македонија е твојот соговорник.

Ха ха ха…Ај што вика ни автомобил не би купил од него, туку се прашува и кој би гласал за него. Тушшшш – напиша Јакимовски на Фејсбук.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK