мај 14, 2024

Фудбалскиот клуб Атлетик Билбао, објави дека Нико Вилијамс (21) денеска го продолжи договорот до јуни 2027 година. Ова е голем ден за клубот од Баскија, бидејќи за помладиот Вилијамс интересот не го криеја шпанските великани Барселона и Реал Мадрид и неколку клубови од Премиер лигата.

Нико Вилијамс им беше привлечен на богатите клубови бидејќи неговиот претходен договор со Атлетик истекуваше на крајот од сезоната, што значи дека можеше да замине како слободен играч.

Нико од минатата сезона е стандарден репрезентативец на Шпанија. Во Атлетики игра заедно со постариот брат Ињаки.

The post Важен потпис во Билбао, Нико Вилијамс продолжува со Атлетик до 2027 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK