мај 14, 2024

Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степени, изјави денеска милијардерот и филантроп Бил Гејтс на климатскиот самит COP28 во Дубаи.

Според научниците, порастот на температурата за два степени може да донесе опасни и потенцијално неповратни промени кои ќе ги погодат луѓето, дивиот свет и екосистемите, пренесува „CNBC“.

И покрај тоа, Гејтс изрази надеж дека претстојниот самит COP28 може да донесе напредок во борбата против климатските промени.

„За среќа, доволно напреднавме, така што глобалната температура нема да се зголеми, да речеме, за четири степени“, смета американскиот милијардер.

Со оглед на очекуваното зголемување на глобалната температура за повеќе од два степени, приоритет на човештвото веројатно ќе биде „адаптацијата“, заклучил Гејтс.

The post Бил Гејтс: Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK