септември 19, 2024

Во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4.747 лицa, а од нив осум се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 294 лица, што значи дека за толку луѓе е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK