септември 20, 2024

Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, повика на целосна окупација на Појасот Газа.

Во својата изјава на платформата за социјални мрежи Х, Бен-Гвир побара Израел да продолжи со нападите врз Газа без прекин.

Нападот на 7 октомври беше само проба: 3астрашувачка закана на лидерот на Хамас за Израел

Масакрот на Хамас на 7 октомври беше „само проба“, се закани во четвртокот водачот на исламистичката група од Газа, Јахја Синвар, во својата прва јавна изјава откако терористичката организација масакрира повеќе од …

Повикувајќи Газа да се окупира, Бен-Гвир рече: „Мораме да ја згмечиме Газа со сета сила, да го уништиме Хамас и да се вратиме во Појасот Газа.“

Бен-Гвир претходно реагираше на „хуманитарната пауза“ постигната меѓу Израел и Хамас, што заврши утрово. Израелскиот министер се закани и со распуштање на коалициската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху доколку не продолжат нападите врз Газа.

Утрово заврши „хуманитарната пауза“, што стапи на сила во петокот на 24 ноември, во рамките на договорот меѓу Израел и Хамас. Израел по нејзиното завршување веднаш започна со нападите и бомбардирањето на повеќе локации во Појасот Газа, при што за само три часа загинаа 32 Палестинци.

Во Појасот Газа од 7 октомври, кога почнаа израелските напади, до прогласувањето на „хуманитарната пауза“ загинаа над 15.000 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и 4.000 жени, соопштија здравствените власти во енклавата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK