септември 20, 2024

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ДПМНЕ во советот на Тетово, Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна иредентистичка порака, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава.

ЕВРОПА ВО ​​КОЛАПС ПОРАДИ СНЕГ: Сообраќаен хаос, откажани стотици летови, патници спијат во возови (ВИДЕО, ФОТО)

Во неколку европски земји – Германија, Австрија, Италија и Велика Британија – големи количества снег предизвикаа колапс. Обилните снежни врнежи ја погодија јужна Германија во петокот вечерта и продолжија утринава, предизвикувајќи …
РУСКАТА ВОЗДУШНА ОДБРАНА ЗАСИЛЕНА: Пристигна нова серија ловци Су-30СМ2 и авиони за обука Јак-130 (ВИДЕО)

Фабриката за воздухопловство Иркутск (дел од Обединетата воздухопловна корпорација „Ростек“) произведе и достави до Министерството за одбрана на Русија нови ловци Су-30СМ2 и борбени авиони за обука Јак-130, соопшти денеска корпорацијата. …

Политичката партија Левица коментира дека изјавата претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме.

„Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина“, велат од Левица.

Јавно ги повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за отцепување од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да „планираат европска иднина“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK