септември 20, 2024

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, по долго време беше видена во јавноста на комеморацијата во чест на поранешната прва дама Розалин Картер, која неодамна почина.

Заев ќе го менува Ковачевски, па Мицкоски ќе прави коалиција со него потврди Александар Николоски

Мицкоски се подготвува за широка коалиција со СДСМ (Зоран Заев), потврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за Слободен печат пред неколку денови. Николоски вели дека не е можна …
Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Поранешниот советник на Беџет Пацоли, Наим Мурсељи, на истражителите им признал дека тој го нарачал убиството на сопругата Љиридона Мурсеља, јавуваат приштинските медиуми. Според извештаите, Мурсељи, кој беше уапсен во …

Меланија Трамп
Сопругата на Трамп се појави во друштво на сегашната прва дама, Џил Бајден и поранешните први дами на Соединетите Американски Држави, Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш.

Нејзиниот изглед предизвика многу негативни коментари на социјалните мрежи, поради тоа што го облече за таа пригода. Имено, за разлика од другите први дами, Меланија не облекла црно, туку се појавила во сив капут.

YES or NO? Was Melania Trump DISRESPECTFUL for being the only former First Lady not dressed in BLACK for Rosalynn Carter’s funeral? pic.twitter.com/0PrPxgHQFU

— Que Dizzle (@dizzle_que) November 29, 2023

„Какво непочитување“, „Носеше сив капут само за да се истакне“, „Зошто не облече само црн капут“, се дел од негативните коментари на социјалната мрежа Х.

Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Меланија Трамп.

„Не носат сите црно“, „Носела црна гардероба под палтото“, напишале тие.

Да потсетиме, Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005 година и го имаат 17-годишниот син Барон.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK