септември 20, 2024

Во Венецуела се одржува референдум за одлучување за иднината на голем дел од соседна Гвајана, за која венецуелската Влада тврди дека била украдена кога границата север-југ била исцртана пред повеќе од еден век.

Гвајана смета дека референдумот е чекор кон анексија.

Заев ќе го менува Ковачевски, па Мицкоски ќе прави коалиција со него потврди Александар Николоски

Мицкоски се подготвува за широка коалиција со СДСМ (Зоран Заев), потврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за Слободен печат пред неколку денови. Николоски вели дека не е можна коалиција со ДУИ, но дека “не ни …
Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Поранешниот советник на Беџет Пацоли, Наим Мурсељи, на истражителите им признал дека тој го нарачал убиството на сопругата Љиридона Мурсеља, јавуваат приштинските медиуми. Според извештаите, Мурсељи, кој беше уапсен во петокот, на друг осомничен му дал 15.000 …

Референдумското прашање е дали Венецуелците поддржуваат формирање држава на спорната територија позната како Есекибо, давање државјанство на сегашните и идните жители на областа и отфрлање на јурисдикцијата на највисокиот суд на Обединетите нации за решавање на споровите меѓу двете јужноамерикански земји.

Меѓународниот суд на правдата во петокот и нареди на Венецуела да не презема мерки што би можеле да ја сменат контролата на Гвајана врз Есекибо, но судиите конкретно не им забранија на официјалните лица да го одржат денешниот референдум со пет прашања.

Гвајана побара од судот да и нареди на Венецуела да го прекине гласањето на референдумот.

Правните и практичните последици од референдумот остануваат нејасни, посочуваат медиумските агенции.

Територијата на Есекибо од 159.500 квадратни километри е две третини од Гвајана и исто така се граничи со Бразил, чие Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека ги „интензивирало одбранбените акции“ и го зголемило своето воено присуство во регионот поради спорот.

Есекибо е територијално поголема од Грција и е богата со минерали.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK