септември 20, 2024

Фудбалерите на Лече и Болоња одиграа крајно возбудливи 1:1 во натпреварот од 14. коло на Серија А. Ова беше дуел на екипи кои најчесто ремизираат во Серија А од почетокот на сезоната. Лече и Болоња имаат по седум нерешени натпревари.

Натпреварот на стадионот „Виа дел Маре“ траеше 101 минута и во претпоследната минута од судиското надополнување домашните од пенал дојдоа до 1:1.

Претходно, прекршок во шеснаесетникот на гостите изнуди голманот на Лече, Фалконе.

По прегледот на ВАР беше утврдено дека е фаулиран, па домашните добија шанса од белата точка и Пиколи го постави конечниот резултат.

Претходно гостите водеа од 68. минута со голот на Гркот Харалампос Ликојанис.

The post (Видео) Голманот Фалконе херој на Лече, избори пенал за реми во 100. минута appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK