декември 26, 2024

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека верува во независноста на Република Српска и дека тоа ќе мора да се случи еден ден.

Додик рече дека тој може да биде одговорен за тоа во одредена перспектива.

Шефот на Пентагон го предупреди Израел за стратешки пораз

Израелската армија ќе победи во урбаната војна против Хамас само ако ги штити цивилите во Газа, вели Лојд Остин. Победата на Израел над Хамас ќе стане „стратешки пораз“ …
Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца приведени поврзани со исчезнатото девојче

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната …

„Кога Доналд Трамп победи во Америка, имав намера да прогласам независност на Република Српска, но тогаш некои луѓе околу мене се исплашија и не го направив тоа. Морам да кажам дека денес се каам што не го направив тоа. Но доколку Трамп повторно победи, мислам дека не би се двоумел“, изјави Додик за „ТВ Прва“.

Кога станува збор за американските санкции за него и неговото семејство, Додик рече дека нема право да ги жртвува националните интереси на РС заради својата погодност.

Тој истакна дека е горд на своето семејство, додавајќи дека тие се многу свесни и одговорни луѓе и дека се борат во животот, а тоа им пречи на Американците.

Додик додаде дека тој е избран функционер и дека има право да избере како ќе води политика.

„Клучното прашање околу мене повеќе не е криминалот, сега се’ се сведе на реторика, што им пречи и тоа е погубно за нив“, додаде Додик.

Зборувајќи за односите меѓу Србија и Босна и Херцеговина, Додик рече дека за Србија е релевантно Претседателството на Босна и Херцеговина, а не една третина од тоа Претседателство кое го сочинува Денис Беќировиќ, кој, како што наведе, е квазиисторичар и мрази се што е српско, кажува лаги, но нема потенцијал да направи ништо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK