септември 19, 2024

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

– Запознаени сме со извештаите за напади врз американскиот воен брод УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни, се вели во соопштението од Пентагон, без да се наведе од каде дошле нападите.

3.декември.2023Груевски прашува на кој “Итар Пејо” му текна да гради сончеви колектори со ОГРОМЕН ПРОФИТ за него на ШТЕТА на државата?!

ИТАР ПЕЈО СЕ СЕТИЛ ДА ГРАДИ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ ВО СЛОБОДНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ. ОСВЕН ШТО ЌЕ ОНЕВОЗМОЖИ ГРАДЕЊЕ НОВИ ФАБРИКИ, НЕМА ДА ПЛАЌА ДАНОЦИ И ЦАРИНИ И ЌЕ ДОБИЕ РЕЧИСИ БЕСПЛАТНО ДРЖАВНО …

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и британски товарен брод бил погоден од ракета во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен.

Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO), објави дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“. Активност на беспилотни летала е забележана во областа што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги напаѓаат бродовите на Израел и неговите сојузници во Црвеното Море, како одмазда за војната против палестинскиот Хамас во Газа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK