септември 20, 2024

Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија.

КИДНАПИРАНИ КАКО ВАЊА ИМААТ ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕАТ САМО 4 ЧАСА; Еве што вели творецот на српскиот Центар за исчезнати лица

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел да понуди некоја конкретна помош. Во серијата написи …
(Видео) Мицкоски се среќавал со Палчо во неговиот дом – за што разговарале?!

Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски, Палчо. За средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што …

Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна или на работ на фронтот. Интересно е што бројот на барањата за бугарски пасош од Албанија е поголем од Македонија.

Според податоците, најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања.

Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло.

Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711.

Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба.

Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK