септември 20, 2024

Обвинителот Гаврил Бубевски утрово за српските медиуми изјавил дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, но и доживотна казна. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.
Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, така рекле осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, рекол Бубевски за српска „Нова“.
Според него, киднаперите се исплашиле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде известена за откупот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK