септември 21, 2024

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 500 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, санкционирани се 29 возачи поради бесправно управување на возилото, 10 возила биле со неисправен уред за сопирање, а 13 за возење без возачка дозвола…

На вонреден технички преглед биле упатени 57 возила, а кај 18 биле констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK