ноември 28, 2024

Извозот на Индија во Русија се намали за околу една третина меѓу април и јули, поради острите санкции од Западот наметнати на Москва.

 Москва (Русија) и Њу Делхи (Индија) постигнаа договор да се оддалечат од доларите и еврата во меѓусебната трговија – изјави за РИА Новости, Замир Кабулов, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи.

Иако двете земји одлучија да се префрлат на националните валути, целосна транзиција нема да биде можна додека не се решат преостанатите проблеми со трговскиот дисбаланс, објасни тој понатаму, пренесува RT.

Индија се уште купува од нас пет пати повеќе отколку што продава. Специјалисти работат на тоа, бараат разумен компромис – рече дипломатот.

Патем, Москва и Њу Делхи веќе успешно воспоставија механизам за меѓусебно порамнување во рубли и рупии. Индиската влада минатиот месец дозволи националната валута да се користи во меѓународни трговски спогодби, во обид да го промовира извозот и да ја намали зависноста на рупијата од доларот.

Овој потег се смета и како поттик за зајакнување на трговијата со Москва.

Извозот на Индија во Русија се намали за околу една третина меѓу април и јули, поради острите санкции од Западот наметнати на Москва. Сепак, според Федерацијата на индиските извозни организации (ФИЕО), порамнувањето во рупија може да помогне да се намали трговскиот дефицит со Русија.

Претходно овој месец, медиумите објавија дека неколку руски банки добиле дозвола да отворат сметки во рупија во индиските банки за трговски цели.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK