ноември 22, 2024

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои Законот за овластување за национална одбрана, со кој се создаваат услови буџетот за одбрана следната година да достигне рекордни 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди повеќе од предложеното од американскиот претседател Џозеф Бајден.

Претставничкиот дом го усвои законот со 350 членови „за“ и 80 „против“, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за да се испрати законот на гласање во Сенатот.

Буџетот вклучува и зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, како и поддршка за Тајван и Украина.

Законот содржи и одредба за укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили, што беше побарано од многу републикански конгресмени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK