септември 21, 2024

Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот израелскиот министер и поранешен воен началник Гади Ајзенкот, во саботата беше објавено и дека загинал и неговиот внук од сестра.

Израелската војска во петокот потврди дека ден претходниот ден во борби во северниот дел на Појасот Газа загинал 25-годишниот Гал Меир Ајзенкот, постар наредник во резерва. На неговиот погреб во петокот на воените гробишта Херцлија, присуствувале илјадници ожалостени, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог.

Закани по животот на уредникот на Инфомкас од лице фотографирано со Мицкоски

Десетици закани по живототите на вработените и сопствениците на порталот Инфомакс откако започна монструозната кампања против порталот оркестрирана и организирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. https://puls24.mk/%d0%bd%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%9f%d0%b0%d0%b1%d0%b5-%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0/ Имено …

Ајзенкот на боиштето ден потоа го загуби и внукот Маор Меир Коен. Засега нема други поединости за околностите во кои загинал тој, известува весникот The Jerusalem Post. Се додава дека Маор, кој служел во редовна воена должност, е син на Шерон Ајзенкот — полусестрата на Гади, и Мајкл Мишел Коен Именувани по нивниот дедо Меир, и Маор и Гал споделувaле повеќе од семејни врски; тие поделиле и наследството.

Шеесет итригодишниот Гади Ајзенкот е пензиониран генерал кој беше началник на Генералштабот на Израел од 2015 до 2019 година. Како претставник на Партијата за национално единство, тој е и член на вонредната влада на Нетанјаху формирана откако Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.

Властите го информирале Ајзенкот за загубата на неговиот син додека бил во посета на јужната команда на израелските одбранбени сили (IDF). Голем број израелски владини претставници и застапници, исто така, испратија сочувство до семејството Ајзенкот.

Лидерот на опозицијата Јаир Лапид објави фотографија на Гал и Гади Ајзенкот прегрнати во воени униформи.

„Оваа фотографија. Оваа прегратка. Татко и син. И двајцата во униформа. Двајцата војници. И двајцата одговорија на повикот, беа таму кога беше потребно, направија се што треба. Судбината на целата нација е во една прегратка”, напишаa од партијата Лапид на социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK