септември 21, 2024

Полициски службеници од СВР Велес вчера приведоа три лица кои учествувале во физичка пресметка меѓу две групи во Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

-Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 16:40 часот ги привеле 23 годишниот М.В. и  22 годишната Е.Д., двајцата од Велес и 30 годишниот Д.К. од Струмица, поради тоа што кај место викано „Плочата“, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Б.Н, С.Ј. 38-годишен  и М.В., сите  од Велес, посочи Ѓаковска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK