септември 21, 2024

,,Русија е многу посилна отколку што беше пред избувнувањето на конфликтот во Украина, кој беше поттикнат од САД”, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

– Веќе се видливи резултатите од војната со Русија, која САД ја започнаа преку Украина. Го спомнавте проширувањето на НАТО, но клучниот резултат за нас и за другите е што Русија стана многу посилна отколку пред сите овие настани – рече Лавров обраќајќи им се на присутните на форумот во Доха преку Интернет.

Седница на Централниот одбор на СДСМ, Митрески нов спикер

Се цртаат политичките контури – предлогот Јован Митрески да биде нов претседател на Собранието пред Извршниот одбор на СДСМ. Џафери во јануари од законодавниот дом ќе се пресели на Илинденска број 2. …
Хамас обезглавен! Убиен новиот командант по само осум дена од назначувањето

Израелските одбранбени сили денеска соопштија дека го убиле новиот командант на баталјонот на Хамас Шејаи при воздушен напад во Појасот Газа. Според Тајмс оф Израел, Емад Карика, кој неодамна го замени Висам …

Тој додаде дека така ќе биде додека не завршат борбените операции, пренесува Тасс.

Лавров потсети дека на почетокот на 19 век, Наполеон ја мобилизирал речиси цела Европа да ја нападне Русија, но таа го поразила и „по таа агресија станала посилна“.

Тој рече дека Хитлер го направил истото во средината на 20 век, кога ги мобилизирал повеќето европски земји да започнат агресија против Русија.

– И тој беше поразен и по таа војна станавме посилни – нагласи Лавров. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK