септември 22, 2024

Прстен вреден 750.000 евра исчезна од хотелот „Риц“ во Париз во петокот, предизвикувајќи вознемиреност кај персоналот бидејќи тие беа први на листата на осомничени за кражбата. Драмата завршила вчера откако прстенот бил пронајден во правосмукалка.

Сопственичката на вредниот прстен, бизнисменка од Малезија која била гостинка во хотелот, во петокот поднела полициска пријава откако се посомневала дека е украден од вработен. Чуварите на Риц го пронашле прстенот како лежи меѓу прашината во вреќата во правосмукалката, објави Ле Паризиен.

Весникот додава дека гостинката во петокот отпатувала за Лондон, но сега ќе се врати во Париз за да си го земе прстенот. „Риц“ ги информираше медиумите дека на гостинката и понудиле уште три ноќевања за да ја надополни непријатноста, но таа нема намера да ја прифати понудата.

„Благодарение на педантната работа на чуварите, прстенот беше пронајден утрово. Би сакале да им се заблагодариме на персоналот на хотелот „Риц Париз“ кој се мобилизираше за оваа потрага и кој работи секој ден со интегритет и професионалност“, изјавија од хотелот за Ле Паризиен.

The post Прстен вреден 750.000 евра е изгубен во хотелот Риц во Париз, пронајден е во правосмукалка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK