септември 22, 2024

Кичевчанец вчера при лов испукал патрон од ловечка пушка и усмртил 40-годишен жител на селото Бигор Доленци.

„Вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал“, информираат од полицијата.

Увид на местото извршил јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK