септември 22, 2024

Низ комисиската расправа во Собранието за Буџетот за 2024 година, прифатени се неколку амандмани поврзани со обезбедување на средства за изградба на образовни установи и детски градинки. 

Државата, Владата и надлежните министерства обезбедија средства, следната година во соработка со единиците на локалната самоуправа да започне изградба и надградба на капитални објекти во неколку скопски општини.

За општина Кисела Вода во Буџетот за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за изградба на ново основно училиште ,,Климент Охридски” во селото Драчево и 60 милиони денари за реализација на проектот за изградба на нова детска градинка ,,8 Март” во населбата Расадник.

Градинка и училиште ќе се градат и во Аеродром, односо со поддршка од централниот буџет ќе се финансира доградба на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин и изградба на нова детска градинка „Изворче“ во населбата Стар Аеродром.

И општина Ѓорче Петров добива средства за изградба на нова детска градинка и тоа во населеното место Стопански двор, каде ќе се гради градинка со капацитет од 100 дечиња, додека, додека следната година треба да започне и изградба на детска градинка во населбата Бутел 2 во општина Бутел. 

Недостатокот на места во градинките е децениски горлив проблем за родителите од сите скопски општини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK