септември 22, 2024

По повод 79. роденден на ООУ „Кочо Рацин“, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со амбасадорите на Полска и на Италија, Кшиштоф Гжелчик и Андреа Силвестри, и пријателите од „Отворете ги прозорците“ отворија сензорна соба и кабинет по информатика за учениците од ова училиште.

„Ние сме општина која преку образованиот процес инвестира во младите генерации. Наш приоритет се токму вакви проекти, кои во училиштата даваат еднакви можности за сите за процес кој е инклузивен и со индивидуален пристап за секое дете. Воедно, на директорката и на сите вработени и на учениците им честитам 79 години од основањето на училиштето ‘Кочо Рацин’. Ви посакувам уште многу успешни генерации, кои преку своите кариери ќе ги промовираат општина Центар и ова училиште. Гледам дека и мотото на вашата приредба е љубовта што ги спојува минатото и и иднината и тоа ме прави особено среќен. Каде и да сме, да не заборавиме од каде сме почнале, како сме се граделе и кои се амбиициите пред нас“, рече Герасимовски.

Општина Центар издвои сопствени средства за отворање на кабинетот за информатика, училиштето доби и сензорна соба со поддршка од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Советот на родителите, кои преку донаторски акции учествуваа со финансиски средства. На денешната пригода италијанскиот амбасадор Силвестри донира и учебници по италијански јазик за првата паралелка што го изучува овој јазик.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK