септември 22, 2024

Со доаѓањето на постуденото време, настинките се се почести кај луѓето. Затоа е важно навреме да се зајакне имунитетот и да се зачува здравјето.Направете сами природен лек против вируси и настинки,за кои ви се потребни само мед,лимон и ореви.

Медот и јаткастите плодови се многу здрава храна.Научниците одамна докажале дека содржат голема доза на важни витамини и минерали,па поволно делуваат на човечкото тело,а нивната мешавина помага во решавање на многу опасни болести.

За да ја подобрите работата на внатрешните органи и целиот систем,треба почесто да јадете мед со ореви.Ќе ви користи и ако сте под емоционален стрес или работите тешка физичка работа,пренесува b92.

Свежиот сок од лимон е популарен лек за кашлица.Лимонот помага за искашлување и чистење на респираторниот тракт.Има многу висока содржина на витамин Ц.Сокот од еден лимон содржи една третина од препорачаната дневна доза за возрасен. Затоа се препорачува во горната смеса да се исцеди сок од лимон.

Кога редовно ги јадеме овие три намирници,во организмот се јавуваат следните реакции.

– Ако сте страдале од главоболка,ќе помине.

– Ја нормализира работата на дигестивниот систем.За да се ослободите од запек,почесто јадете ја оваа слатка смеса.

– Помага за побрзо опоравување од породувањето.

– Медот и оревите се незаменливи за здравјето на жените бидејќи содржат материи кои го подобруваат снабдувањето со крв на органите во малата карлица,а со тоа и либидото.

– Кај мажите ја зголемуваат потенцијата.

– За зајакнување на имунитетот,доволно е да јадете мала количина од смесата секој ден.

– Ако веќе сте настинати, тоа ќе ви помогне брзо да се ослободите од затнатиот нос и болките во грлото.

– Доколку патите од анемија,јадете ги овие намирници бидејќи содржат железо,цинк, манган и железо.

– Медот и оревите ги стабилизираат метаболичките нарушувања.

– Се препорачува да јадете повеќе од овие намирници кои ја подобруваат концентрацијата при интензивна ментална работа.

– Оревите содржат состојки кои ги ублажуваат ревматските болки.

Состојки:

– 200 гр ореви

– 200 гр мед

– 2 лимони

Подготовка:

Лимоните убаво измијте ги и потопете ги 20 минути во ладна вода во која сте раствориле 2 лажички сода бикарбона. Потоа исплакнете ги со чиста вода.Исечете го лимонот на мали парчиња.Ставете ги во блендер,додадете ореви и мед.Смесата чувајте ја во стаклен сад во фрижидер.Во зима земајте по 1 лажица секое утро на празен стомак.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK