септември 22, 2024

Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата.

Од Општина Кочани информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Грчките власти во Костурско во 1945-та осудија 61 Македонец оти своите деца ги учеле да пишуваат на мајчин јазик

Грчките власти, на 15 декември 1945 година, во костурското село Нестрам, во Егејска Македонија, изведоа пред суд 61 Македонец, со обвинените дека своите деца ги учеле да читаат и пишуваат на својот мајчин македонски јазик. Ова е …

– Претпладнево на службената меил адреса на Општина беше добиена порака за поставена бомба во образовна институција, без да биде посочено за кое училиште станува збор. Полициски службеници презедоа соодветни истражни мерки, при што учениците безбедно ги напуштија училниците. По направениот увид беше констатирано дека се работи за лажна дојава, односно дека не постои никаква опасност за учениците и вработените во образовните институции, па наставниот процес беше продолжен, истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделение за јавни дејности во Општина Кочани.

Наставата во втората смена во сите училишта во Кочани попладнево се одвива нормално.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK