септември 22, 2024

Руски олигарх, чија поранешна сопруга беше забележана со Том Круз, ја предупреди ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“ да биде подготвен да го „држи паричникот широко отворен“ бидејќи таа има „скап и луксузен вкус“, пишува британски „Дејли мејл“.
61 – годишниот Круз во саботата беше забележан како се опушта со 36-годишната Елсина Кајрова на забавата на лондонски „Мејфеир“.
Поранешниот сопруг на Кајрова, Димитри Цетков, го предупреди Круз и му укажа дека потрошил зачудувачки 10 милиони фунти за облека и уште 2 милиона фунти за чанти за време на нивниот бурен 11 – годишен брак.
“Без оглед на оној со кого и да е, Том Круз или кој било друг, тие треба да бидат свесни дека таа сака повисоки работи во животот и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени“, изјавил рускиот олигарх и додал “Среќен сум за неа, ѝ посакувам се најдобро“.
Цетков, кој е во бизнисот со дијаманти и рударство, три години се разведувал со Кајрова, разводот го чинел 150 милиони фунти.


The post Руски олигарх го предупреди Том Круз за новата девојка: Држи ги очите и паричникот широко отворени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK