Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска изјави дека е време НАТО да и каже „стоп“ на грчката „дрскост“, бидејќи таа земја, како што рече, продолжува да ги ескалира тензиите со агресивни акции и реторика.
Во својот говор на состанокот на Министерството за одбрана, Акар рече дека „и покрај нашиот добронамерен пристап, Грција продолжува да провоцира и ескалира тензии“.
Осврнувајќи се на минатонеделното соопштение на Турција, во кое беше наведено дека неколку грчки борбени авиони ненајавено следеле турски авиони кои летале преку Егејското Море кон Турција, како и го заглавиле нивниот радарски сигнал, тој изјави дека минатата недела Грција „го малтретирала“ турските авиони кои учествуваат во вежби на НАТО.
– ,Тој непријателски однос јасно покажува дека Грција стана толку арогантна што ги игнорира основните принципи и вредности на НАТО” – рече тој.
Коментирајќи ги кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, Акар рече дека Турција очекува тие две земји „да ги исполнат обврските што ги потпишаа во Мадрид, а тоа е да ја намалат поддршката за терористите и да ги отстранат ограничувањата што ги наметнаа на Турција на списокот за екстрадиција“.
Министерот за одбрана рече дека Анкара работи на „подобрување на пристапот на нашите американски колеги“, но очекува и позитивен и конкретен заклучок за продажба и модернизација на авионите од Вашингтон.
Следете не, не има насекаде