септември 23, 2024

Тоа е сезона на вирусни и бактериски инфекции кои со себе носат многу непријатни нуспојави, како што е воспалено грло. Поради болки во грлото, многу луѓе најпрво ќе побараат помош во аптека и ќе посегнат по пастили или спрејови, но има и многу кои се поддржувачи на домашните методи за лекување на споменатиот здравствен проблем.

Спремете авокадо тост кој ќе ве држи сити долго време!

На најлесен начин подгответе појадок во кој ќе уживате секое утро.Состојки:1 авокадо2 парчиња тост лебмалку маргарин2 јајцаКисела павлакасолбиберлук во правПодготовка:Најпрво треба да го потпечете лебот во тостер, но да не биде ниту премногу мек, ниту премногу тврд.После тоа, испржете …

Белиот слез (лат. Althaea officinalis) е повеќегодишно растение од семејството на слез кое може да порасне и до 150 сантиметри во висина. Латинското име на растението се однесува на неговите лековити својства. Имено, бел слез припаѓа на родот Althaea, чие име доаѓа од зборовите althainein (лекување) и althos (медицински агенс).

Најлековитиот дел од бел слез е неговиот корен од кој се прави чај. Овој напиток со векови се користи како средство за смирување на воспаленото грло, а помага и при ефектите од бронхитис и разни белодробни заболувања.

Студија од 2019 година покажа дека коренот на бел слез може да понуди брзо олеснување за симптомите поврзани со респираторните состојби.

Состојки за чај од бел слез:

Две лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 dl млака или ладна вода.

Оставете го да отстои барем еден, идеално два часа, за да се формира доволно слуз.

После тоа, малку загрејте го чајот. По желба можете да додадете мед.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK