септември 23, 2024

Овие 3 работи се прогласени како клучни за идеална, здрава, среќна и совршена врска.

Сѐ што треба да направите е да ја зачините врската со:

Спремете авокадо тост кој ќе ве држи сити долго време!

На најлесен начин подгответе појадок во кој ќе уживате секое утро.Состојки:1 авокадо2 парчиња тост лебмалку маргарин2 јајцаКисела павлакасолбиберлук во правПодготовка:Најпрво треба да го потпечете лебот во тостер, но да не биде ниту премногу …

Искреност

Мислите дека малата лага не може никому да наштети? Размислете уште еднаш, бидејќи таа е опасна исто колку и големата лага. Глумење оргазам, лажење дека ви се допаѓа ручекот, одите на пијалак со колегите, а кажувате дека ќе работите до доцна… сите овие ситници лошо ќе се одразат врз вашата врска. Зошто да лажете, кога можете да бидете искрени?

Комуникација

Клучната врска во среќната и идеална врска се токму разговорите. Без разлика, дали станува збор за некоја важна животна цел или за ситница, сепак разговарајте и дознајте си ги меѓусебните чувства. Секогаш бидете отворени и подготвени за разговор, но понекогаш не мора да си трошите зборови за да кажете нешто. Невербалната комуникација како масажа, будење со кафе или со галење ја докажувате почитта и љубовта.

Посветеност

Постојат безброј начини на кои можете да ја докажете својата посветеност и приврзаност кон саканата личност. Од запознавање со вашите родители, па сѐ до понудата за брак. На почетокот од врската, посветеноста се докажува преку времето одвоено за заеднички активности. Но, како што врската станува подлабока и поинтимна, морате да се жртвувате за да ја докажете својата посветеност, па немојте да се двоумите да им откажете некогаш на пријателите за да бидете со саканата. Верувајте, тие би го направиле истото кога нивната врска би била во прашање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK