Околу 200 милиони Американци беа погодени од циклонската бомба што ги замрзна САД, а како резултат на тоа загинаа најмалку 12 луѓе. Повеќе од 1,5 милиони луѓе останаа без струја, додека илјадници летови беа откажани во последните неколку дена.
Областа погодена од ова неподносливо време се протега од Квебек сè до границата меѓу САД и Мексико, до Тексас.
Невремето предизвика виулици на Големите езера, лоцирани на границата на САД и Канада, пишува Би-Би-Си.
Температурите во Елк Парк, Монтана, паднаа на -45 степени, а градот Хејл, Мичиген „замрзна“.
Најдобрата претстава за тоа колку навистина е студено во Монтана е фатена на камера. Имено, на видеото, маж истура врела вода во сад и ја фрла во воздух, по што веднаш се претвора во снегулки.
Официјалните лица ги повикаа луѓето да останат во своите домови, а ако возачите мора да излезат надвор, тие ги повикаа да возат побавно, да држат поголема оддалеченост од другите автомобили и многу да внимаваат.
Следете не, не има насекаде