септември 23, 2024

Foto/ EPA

Атлетик Билабо на фантастичен начин го обележа роденденот, 125 години од основањето на клубот. Инаки Вилијамс го одигра 400. натпревар за Билбао. Во дербито на 17. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Атлетик Билбао на свој терен го совладаа тимот на Атлетик Мадрид.

Натпреварот на стадионот „Сан Мамес“ заврши со победа на домаќините од 2:0 (0:0). Едноставно неверојатно е што гостите од шпанската престолнина не доживеаја поубедлив пораз.

Во првото полувреме, играчите на Атлетик два пати ја погодија стативата, Јан Облак имаше две вонсериски интервенции, а Сансет во 36.минута не реализираше пенал.

Словенечкиот чувар на мрежата и во преостанатиот дел од натпреварот бранеше брилијантно, но во два наврати не можеше да направи ништо. Најпрвин во 51. минута, кога Горка Гурузета ја искористи одличната асистенција на Андер Ерера и во 64.минута кога Нико Вилијамс постигна фантастичен гол.

„Јорганџиите“ започнаа да играат кога веќе имаа два гола негатива. Во последните десет минути Унаи Симон се истакна со две добри одбрани со кои спречи гостите да постигнат гол.

Атлетико Мадрид е трет со 34 бода и натпревар помалку, Атлетик Билбао е петти со два помалку.

The post (Видео) Атлетик го победи Атлетико – Голчиште на Нико Вилијамс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK