Легендите на бразилскиот Сао Паоло и италијанскиот Милан одиграа ревијален натпревар на стадионот „Морумби“ во Бразил, а домашната екипа победи со резултат 4:1.
Но, најголемо внимание на фановите привлече сцената во која главната улога ја имаше легендарниот Кларенс Сидорф, кој збесна од потезите на Жозуе.
Josué vs Seedorf. Até no jogo festivo tem treta pic.twitter.com/H3QQXoDVes
— Somos São Paulinos (@somosaopaulinos) December 16, 2023
Поранешниот бразилски ветеран грубо го стартуваше Сидорф, а Холанѓанецот бурно реагираше и веднаш започна конфронтација со поранешниот фудбалер на Волфсбург.
Нивната пресметка во судиското надополнување ја спречија останатите фудбалери на теренот.
По натпреварот, Жозуе изјави дека реакцијата на Сидорф му е нејасна и дека смета дека му е потешко поради резултатот со кој е поразен Милан на овој натпревар.
The post (Видео) Ревијалниот меч на легендите за малку ќе завршеше со тепачка, Сидорф се нафрли врз Бразилецот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
