Неодамна пристигна трејлерот за GTA VI, кој донесе зголемена популарност на песната што може да се слушне во клипот.
Песната се вика „Love Is a Long Road“, во изведба на Том Пети.
Како што објави IGN, од објавувањето на трејлерот, популарноста на песната едноставно „експлодира“ на платформата Spotify (публиката е зголемена за 36.979%, поточно). Оваа песна од 1989 година, според сегашните податоци, е преслушана повеќе од 11 милиони пати.
Том Пети е повторно толку популарен поради франшизата GTA, но ова не е прв пат да се случи такво нешто – ако игравте GTA San Andreas, можевте да ја слушнете неговата песна „Runnin’ Down A Dream“ на „K- DST“ радио станица.
Пети, за жал, почина во 2017 година, но сигурно би бил горд да знае дека неговото наследство ќе биде повторно запознаено од луѓе ширум светот преку GTA.
The post ВИДЕО: Трејлерот за GTA VI ја вивна песната на Том Пети до ѕвездите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде