септември 22, 2024

Познатиот готвач Нусрет Гокче, наречен Солт Бае, налути многумина по финалниот натпревар на Светското првенство во Катар кога непоканет влезе на теренот додека Аргентина ја прославуваше титулата светски првак.

Гокче успеа да позира со трофејот, а со објавените фотографии и видеа дополнително ја згрози фудбалската јавност. Ниту фудбалерите на Аргентина не беа воодушевени, напротив.

На никого не му е јасно како успеал да влезе на теренот. Многумина побараа одговор на тоа прашање од организаторите на Светското првенство и од ФИФА, но тие се уште официјално не се произнесоа.

Salt Bae is hereby banned from the 2023 @opencup Final

— U.S. Open Cup (@opencup) December 20, 2022

Сепак, веќе се шпекулира дека Солт Бае сигурно ќе биде казнет поради прекршување на протоколот на ФИФА и дека ќе добие забрана за присуство на Светското првенство кое за четири години ќе се игра во Америка, Канада и Мексико.

Организаторите на најстарото фудбалско натпреварување во Америка, УС Опен Купот, вчера на Твитер објавија дека на Нусрет му е забрането да присуствува на финалниот натпревар од ова натпреварување следната година.

-Вака сакаме да кажеме дека на Нусрет му е забрането да доаѓа во финалето на ова натпреварување во 2023 година – пишуваше на Твитер.

Малку е веројатно дека готвачот планирал да го следи тој натпревар, но се претпоставува дека ова е само една од низата забрани што ќе ги добие Солт Бае.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK