септември 23, 2024

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово и натаму останува. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица, пак, е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти, соопшти АМСМ.

Полска: Украинското членство во ЕУ е закана за земјоделците во ЕУ

Европските агро-производители нема да можат да се натпреваруваат ако земјата биде примена во унијата, вели заменик-министерот за земјоделство на Полска. Приемот на Украина во ЕУ може да биде опасен за земјоделскиот …
Од утре стабилно време со пораст на дневните температури

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла …

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK