септември 23, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Болоња ја победија Рома со 2:0 (1:0) во натпреварот од 16. коло во Серија А на стадионот „Ренато Дал’Ара“.

Избраниците на тренерот Тиаго Мота ја забележаа седмата победа сезонава. Ова воедно е и петти последователен триумф на Болоња на домашен терен.

Со овое три бода Болоња скока на четвртата позиција.

Андреа Белоти имаше шанса за Рома во 31. минута, но голманот Федерико Раваља одлично реагираше.

Шест минути подоцна Болоња поведе.

По акцијата по десната страна, топката стигна до Никола Мора во шеснаесетникот, хрватскиот фудбалер беше присебен и погоди од десетина метри за 1:0.

Само што започна вториот дел, Болоња го удвои водството.

Повторно беше акција на десната страна, топката беше уфрлена во шеснаесетникот каде Кристенсен несмасно налета на неа и си постигна автогол.

Во следното коло на 23 декември Болоња ја пречекува Аталанта, а Рома Наполи.

The post (Видео) Ученикот Мота го надмудри учителот Мурињо – Болоња ја победи Рома appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK