септември 23, 2024

Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Велика Британија, биле казнети една четвртина од возачите за возење во пијана состојба помеѓу 5 и 11 часот.

Колку долго треба да чекате пред да возите ако пиевте алкохол? Нема потреба да трошите зборови за опасностите од алкохолизираната состојба додека возите. Многу возачи, за жал, не чекаат отрезнување и опиени седнуваат зад воланот, а многумина мислат дека се подготвени да возат половина час или еден час после пијачката.

Украински медиуми: Пронајден уред за прислушкување во канцеларијата на Залужни

Уред за прислушување случајно бил пронајден во канцеларијата на Залужни при чистење, јавуваат украинските медиуми. Се вели дека уредот е направен од елементи од непознат тип, со што не е можна идентификација на лицето кое …

Ова не е точно и прекумерната самодоверба може да биде и опасна.

Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Велика Британија, една четвртина од возачите биле казнети за возење во пијана состојба помеѓу 5 и 11 часот. Што ни кажува тоа? По ноќното пијанство, алкохолот останува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобил.

Затоа, бидете внимателни со алкохолот, а особено со проценката за тоа кога можете да возите. Како алкохолот ќе влијае на вас? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина на конзумирачот, видот на алкохол, она што сте го јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени…

Британската организација за безбедност на патиштата „Road Respect“ ја анализираше потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки колку да се чека после пиење, односно колку долго алкохолот останува во организмот.

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа

Два пијалоци – 7 часа

Три пијалоци – 10,5 часа

Четири пијалоци – 14 часа

Пет пијалоци – 17,5 часа

Чаша жесток алкохол (40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 час

Два пијалоци – 3 часа

Три пијалоци – 4,5 часа

Четири пијалоци – 6 часа

Пет пијалоци – 7,5 часа

Пиво, лагер (5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа

Два пијалоци – 5 часа

Три пијалоци – 7,5 часа

Четири пијалоци – 10 часа

Пет пијалоци – 12,5 часа

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK