септември 23, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Интер славеа во дербито од 16. коло од Серија А како гости против Лацио, 2:0 (1:0).

Лидерот во Серија А со тоа ја зголеми предноста на табелата во однос на второпласираниот Јувентус на четири бода.

Тоа беше петта победа за момците на Симоне Инзаги во последните шест кола, додека Лацио го претрпе седмиот пораз во првенсвото.

Немаше многу прилики во првото полувреме, Интер воопшто не беше опасен по голот на Проведел, но грешката на Адам Марушиќ, во 40.минута ја казни Лауаро Мартинез.

Тоа беше негов 15. гол во 16 натпревари во Серија А сезонава. Голот им го посвети на жителите на родниот град Баја Бланко, кој го зафати жестоко невреме во кое загинаа 13 лица.

Лацио ја имаше единствената вистинска шанса во 48. минута кога шутираше Николо Ровела, а одлично реагираше голманот на Интер, Јан Зомер.

А потоа во 67. минута уште една добра акција на Интер, топката по левата страна дојде до Маркус Тирам, кој од десетина метри погоди за 0:2.

На три минути до крајот Лацио остана со десетмина бидејќи Мануел Лазари беше исклучен поради неспортско однесување.

The post (Видео) Лаутаро и Тирам ги казнија грешките на Лацио appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK