септември 23, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ со резултат 4:1 во натпреварот од 17. коло на шпанската Примера.

Реал со овој триумф повторно е лидер во лигата со бод и натпревар повеќе од Џирона.

Домашните поведоа во 25. минута кога Џуд Белингем асистенцијата на Лука Модриќ со глава ја претвори во гол.

До крајот на првото полувреме беше 2:0 за тимот на Карло Анчелоти. Се играше 37. минута кога Родриго од непосредна близина го совлада голамнот на Виљареал.

Надежите на Виљареал дека може да направи изненадување во Мадрид ги врати Хозе Луис Моралес со голот во 54. минута, откако ги избегна стоперите на Реал и го искористи навременото додавање на Рамон Терац.

Десет минути подоцна се беше решено. Браим Дијаз со свртен грб ја прими топката далеку од голот на Виљареал, а потоа се сврте, претрча речиси половина терен, со одлична финта ги исфрли двајца играчи од игра и постигна феноменален гол за Реал.

Конечниот резултат го постави Лука Модриќ во 68. минута.

Сенка на убедливиот триумф на Реал фрли поредата на Давид Алаба, кој поради повреда на коленото мечот го заврши во првото полувреме.

The post (Видео) Реал ја потопи „жолтата подморница“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK