септември 23, 2024

3-годишно момче од Индијана се бори за живот во болница откако наводно брутално било претепано од 12-годишен бебиситер. Ноа Браун (3) е на апарати за одржување во живот во болница во Индијанаполис, откако на 29 ноември бил претепан со каиш и ударан во ѕид.

Тој е седатиран поради повреда на главата и има претрпено бројни напади од инцидентот.

Полицијата на Индијанаполис го уапсила момчето (12) кое го чувало.

Бабата на Ноа, Кенди Кинг, тврди дека момчето имало проблеми со бес и го нападнало нејзиниот внук затоа што почнал да плаче.

Според неа, Ноа останал со момчето пред да биде брутално нападнат.

„Момчето има проблеми со бесот и Ноа почна да плаче. Не можеше да издржи, па го претепа со каиш, го фрли кон креветот и неговата глава удри во рамката на креветот“, рече таа.

После тоа, Ноа удрил во ѕидот, по што се обидел да избега, но се онесвестил под креветот.

„Мораше да биде ставен на апарати за одржување, а дел од черепот му беше отстранет поради повредите“, изјавила неговата мајка Мишел Лејн.

На момчето му претстои долг процес на опоравување, кој дополнително се искомплицира со фактот дека во моментот на нападот имал корона вирус.

„Се молиме и се надеваме дека ќе биде добро“, додала неговата мајка.

Таа рече дека сака сите да знаат што се случило со нејзиниот син за никој друг да не мора да помине низ истото.

Неговата мајка Лејн создала онлајн петиција за воведување закон во Индијана со кој минималната возраст за згрижување деца ќе биде 16 години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK