септември 23, 2024

Ливерпул и Манчестер јунајтед, вчера одиграа 0:0 во дербито на 17.коло во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин го обвини капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дека е арогантен.

Холанѓанецот по мечот изјави дека „Ливерпул бил тимот кој сакал да победи“.

„Тие слават, а ние сме разочарани“, изјави Ван Дајк.

Тоа не му се допадна на Рој Кин.

„Очигледно е дека има многу ароганција што излегува од него кога така го омаловажува Манчестер јунајтед. Треба да се потсети дека игра за клуб кој освои една титула во последните 30 години. Јунајтед е во тешка ситуација, во каква што беше Ливерпул многу години. Ваква ароганција може да му се удри од главата. Треба да се потсетиме од каде доаѓа. Една титула во 33 години? Тој рече дека играчите на Јунајтед се радувале поради бодот и само еден тим сакал да игра. Да , Сум бил многу на Енфилд со Јунајтед кога Ливерпул беше во тешка ситуација и се радуваше на реми. Заклучокот е дека најважен е резултатот“, рече Кин.

The post „Ван Дајк не смее да заборави дека игра за клуб кој има една титула во 30 години“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK