септември 22, 2024

Специјалниот комитет на американскиот Конгрес, кој ја истражува улогата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, дошол до конечен заклучок дека Трамп свесно дејствувал спротивно на законот за да го промени резултат од изборите во САД.

Деветчлен конгресен комитет, во кој мнозинството го сочинуваат седум демократи, во понеделникот му препорача на американското Министерство за правда да го обвини Трамп за четири злосторства, од кои едното е помагање и поттикнување бунт, пренесува Ројтерс.

Комисијата го истражуваше овој случај 18 месеци, сослуша над илјада сведоци и анализираше над милион документи, а заклучокот и објаснувањата ги донесе во документ од 845 страници.

Како заклучок, комисијата предлага, покрај Трамп, меѓу обвинетите да бидат и неговите адвокати и советници Џон Истман, Рудолф Џулијани, Џефри Кларк, Кенет Чезброу и Марк Медоус.

Министерството за правда нема обврска да ги прифати препораките на конгресниот комитет, според Ројтерс.

Доналд Трамп, кој веќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, ги отфрла сите обвинувања и членовите на комисијата ги нарече „раскари и разбојници“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK