септември 23, 2024

Ламбе Алабаковски е постојано актуелен во јавноста, откако пред две години со семејството реши да се врати од Америка во Македонија.

Гордиот преспанец сѐ уште најмногу го сака своето родно село Љубојно, а живее недалеку од него, во Битола.

Пејачот, Ламбе Алабаковски, објави статус во кој порача „Удбашка земјо мила, збогум“, додека социјалните мрежи беа преполни со објави од концертот на Теа Таировиќ која ја преполни салата каде настапуваше.
Лабме прикачи слика на социјалната мрежа фејсбук со опис дека се вратил во Америка и повторно ќе вози камион отколку да живее опкружен со удбаши, но пејачот очигледно само се шегувал со своите обожаватели, бидејќи веќе има закажано настапи за новогодишните празници.

Алабаковски во телефонски разговор со Шило Магазин ни открива дека неговата света земја и неговиот дом е во Македонија а не во Америка, но кога сме кај објавата тоа го напишал со цел повеќе да се цениме како Македонци па макар и тој да биде последен како уметник и пејач

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK