септември 24, 2024

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради кинеската „Синохидро“
Како што денеска изјави одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Делчево, Бочварски рече дека откако ќе биде доставен извештајот, информацијата ќе биде разгледана на Влада.

Очекувам денеска да биде доставен извештајот до Јавното претпријатие за државни патишта од страна на ФИДИК експертите и надзорот и потоа да биде аплицирана информација на Влада и на наредната недела да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и експертите, со што сите министри во Владата ќе бидат информирани за состојбите и да го одбереме најдобриот модел за овој значаен инфраструктурен проект, изјави Бочварски.
За тие што заборавиле мало потсетување: До 31 декември 2023 година автопатот требаше да биде завршен !!!!!!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK