септември 24, 2024

Дејвид Козак (24), кој во четвртокот уби најмалку 14 лица на Карловиот универзитет во Прага, наводно бил инспириран од пукањето во училиште во Русија во кое 14-годишното девојче А.А. уби еден и рани петмина учерници, по што се самоуби, пренесува Тајмс.

Британскиот весник дошол до заклучок за  неговата инспирација врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм, каде тој наводно вели дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.

Фармацевтот тврди: Ова се најопасните антибиотици, го оштетуваат мозокот и ДНК

Докажано е дека флуорокинолоните го попречуваат процесот на репликација на ДНК на човечките митохондрии, кои се витален дел од нашите клетки „Неколку популарни антибиотици влијаат на ДНК, како и лековите за …
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 56.1906 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.0473 денари.

„Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убиства отколку сериски. Седнав. Чекав. Сонував. Сакав … но Алина стана последната точка. Како да ми дојде на помош од небото токму на време“, наводно напишал на таа социјална мрежа.

Поради вчерашниот масакр, кој се смета за најголем во историјата на Чешка, во сабота е прогласен ден на жалост.

Во исто време, полицијата се уште ја истражува поврзаноста на напаѓачот со други убиства.

Соседите го опишале напаѓачот како „интровертен лудник“ кој бил фасциниран од оружје и се смета дека го убил својот татко пред масовните убиства на универзитетот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK