ноември 22, 2024

Руските системи за противвоздушна одбрана С-400 и ракетите Искандер во Белорусија ќе ја зголемат ефикасноста на воздушната одбрана на сојузната држава, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин.

„Вооружените сили на Белорусија беа снабдени со најмодерното руско оружје, системи Ѕ-400 и мобилни ракетни системи „Искандер“, рече Галузин, пренесува РИА Новости

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека овие системи биле распоредени на борбени задачи во понеделникот, пренесува руската агенција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK