декември 23, 2024

„Кина ќе продолжи да увезува уште повеќе сурова нафта и ТПГ од земјите на Персискиот Залив, да ја зајакнува соработката… и ќе спроведе решение за трговија со нафта и гас со ‘валутата на народот’“

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг истакна дека Пекинг изнел пет приоритетни области во односите со земјите од Персискиот Залив за наредните години, меѓу кои и решавањето на билатералните трансакции на нафта и гас во кинески јуани.

„Кина ќе продолжи да увезува уште повеќе сурова нафта и ТПГ од земјите на Персискиот Залив, да ја зајакнува соработката со тие земји во развојот на технологиите за нафта и гас, како и чистите и технологиите за ниски емисии на јаглерод диоксид, и ќе спроведе решение за трговијата со нафта и гас со ‘валутата на народот’“, рече Си на првиот Самит на Советот за соработка на Кина и Персискиот Залив.

Тој додаде дека Кина „поставува нова парадигма на седимензионална енергетска соработка“ со земјите од од Персискиот Залив.

Првиот ваков самит се одржа во Интернационалниот конференциски центар „Крал Абдулазиз“ во Ријад.

Кинескиот претседател престојуваше во Саудиска Арабија за прв пат од 2016 година, каде што се сретна со арапските лидери и присуствуваше на Самитот на Советот за соработка на Кина и земјите од Персискиот Залив.

Меѓу учесниците беа саудискиот престолонаследник и премиер, Мухамед бин Селман ал Сауд, емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал Тани, кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа, кувајтскиот престолонаследник, Шеик Мешал Џабер ал Ахмад ал Сабах, заменик-премиерот на Оман, Саид Фахд бин Махмуд ал Саид, и емирот на државата Фуџаира од ОАЕ, Шеик Хамад бин Мухамед.

„На Самитот е одлучено да се воспостави и да се зајакне стратешкото партнерство Кина – Земјите од Заливот“, беше објавено од кинеското Министерство за надворешни работи.

Си рече дека Кина и земјите од Персискиот Залив ќе основаат форум, како и центар за користење на нуклеарната технологија и центар за демонстрација на нуклеарната безбедност.

„Кина ќе обезбеди обука на земјите од Персискиот Залив за мировно користење на нуклеарната енергија и технологијата“, додаде тој.

Кина ќе се фокусира на овие приоритетни области во следните три до пет години.

Апелирајќи за „поголема солидарност и консолидирање на политичката меѓусебна доверба меѓу Кина и заливските земји, Си рече дека двете страни треба „цврсто да ги поддржуваат меѓусебните главни интереси“.

„Двете страни треба заеднички да се поддржуваат со принципот на немешање во внатрешните работи, на практикувањето вистински мултилатерализам и одбрана на заедничките интереси на сите земји во развој“, рече кинескиот претседател.

Тој предложи Кина и земјите од Заливот да соработуваат за финансиска регулатива, да формираат заедничка комисија за инвестиции и да поддржат различни форми на соработка помеѓу суверените фондови од двете страни.

Повикувајќи на проширување кон нови области на соработка за иновации, наука и технологија, Си рече дека Кина е „подготвена да работи со земјите од Заливот за да воспостави центри за податоци и клауд системи, да ја зајакне технолошката соработка за 5G и 6G, да реализира десет проекти за дигитална економија“.

Си, исто така, упати покана до астронаутите од земјите од Персискиот Залив да ја посетат кинеската вселенска станица и рече дека Кина е „подготвена да работи со земјите од Заливот на сателитите за далечинско сензорирање и комуникациските сателити, утилизација на вселената, на аеровселенската инфраструктура и избор и обука на астронаути“.

Петтиот приоритет, според кинескиот претседател, е „негување на нови моменти во јазичната и културната соработка“. AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK