септември 25, 2024

Групата Wham! а нивниот голем хит „Last Christmas“ беше официјално прогласен за божиќна песна на сите времиња, 39 години откако беше првпат изведена.

Празничните класични хитови на Џорџ Мајкл и Ендрју Риџли ги победија евровизиските ѕвезди Сем Рајдер, Мараја Кери и Погус и Кирсти Мекол, пренесува „Sky news“.

Хитот „Last Christmas“ го напиша и продуцираше починатиот Џорџ Мајкл, а сега го постави рекордот за најдолго патување до број еден во Велика Британија.

Ендрју Риџли за странските медиуми изјави дека тоа е голем момент за сите кои имале врсаи со починатиот музичар и групата.

„Мајкл ја напиша со идејата да биде песна број еден на албумот, тоа беше целта. Се случи да го напише она што ја отелотворува суштината на Божиќ и празничниот дух. Тоа е извонредно достигнување. Тоа го прави уште попрекрасно музичко достигнување“, изјави Риџли.

Риџли рече дека е „големо разочарување“ што песната не се најде на топ листите веднаш, но сепак има своја публика и рок на траење.

„Last Christmas“ сега е трета најпуштана песна во ОК на сите времиња, стримувана 13,3 милиони пати во последните седум дена. Авторот на песната, познатиот Џорџ Мајк, почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.

The post „Last Christmas“ Божиќна песна на сите времиња appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK