септември 25, 2024

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, во објава на својот Фејсбук профил порача дека крстот на Попова Шапка. Наместо со уривање крстови на тетовскиот градоначалник Билал Касами му порача да се зафати со чистење на натрупаното ѓубре во градот.
Првиот човек на Општинскиот инспекторат во Тетово, Садат Сулејмани изјавил дека е донесена одлука за уривање на крстот во дворот на црквата на Попова Шапка, но веднаш дополнил дека во Тетово има над 5.000 решенија за уривање на различни објекти и дека крстот ќе биде отстранет тогаш кога ќе му дојде ред. Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред“, напиша Ангелов.

Според него, во меѓувреме, за граѓаните на Тетово далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот.

Да живееш под преубава планина, а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“, додава Ангелов.

За в петок во Тетово е закажан протест против крстот на Попова Шапка, а Ангелов се надева дека бројот на оние што ќе излезат да протестираат ќе биде мал и ќе покаже „колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK